Утрински Весник
Македонија

Ограбена и тешко повредена 78-годишна жена во Скопје

Ограбена и тешко повредена 78-годишна жена во  Скопје
Dik 300x250 mk

78-годишна жена од Скопје се здобила со тешки телесни повреди откако во центарот на главниот град била физички нападната и ограбена, соопшти полицијата.

Имено вчера во 15.15 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив била донесена М.С.(78) од Скопје, со тешки телесни повреди.

Полициски службеници излегле на местото, при што било констатирано дека М.С. со повредите се здобила откако едно лице на подрачјето на Центар физички ја нападнало и ѝ ја одзело чантата.

Се работи на расчистување на случајот, информираат надлежните.

Можете да прочитате

Во октомври казнети 16.801 возачи, 232 пешаци и 63 возачи на електрични тротинети

Балканскиот медиумски камион пристигнува во Македонија

Граѓаните јасно проговорија дека времето на манипулаторите е завршено, порачаа од ВРЕДИ