Утрински Весник
Свет

Италија ги олеснува мерките

Италија ги олеснува мерките

Италија го укинува ограничувањето за бројот на посетители во кината, театрите и концертните сали кои од понеделник ќе можат повторно да работат со 100 проценти капацитет.

Посетителите ќе треба да покажат потврда дека се вакцинирани, прележале Ковид-19 или имаат негативен тест.

Покрај тоа, соодветните региони мора да се класифицираат како т.н. бели зони што укажуваат на ниско ниво на инфекција.

Музеите во белите зони веќе работат со полн капацитет.

Од понеделник, на ноќните клубови им е дозволено да полнат 50 проценти од внатрешниот простор и 75 проценти на терасите.

Посетеноста на спортските стадиони ќе се зголеми на 75 проценти на отворено и на 60 проценти во затворен простор.

Можете да прочитате

Трамп: Многу земји ќе испратат воени бродови за да го обезбедат Ормутскиот теснец

Иран: Украина се приклучи на војната, сега е легитимна цел

Хамас го повика Иран да не ги напаѓа соседните земји