Утрински Весник
Македонија

Кандидатот за градоначалник на Куманово, Тони Михајловски, позитивен на коронавирус

Кандидатот за градоначалник на Куманово, Тони Михајловски, позитивен на коронавирус

Кандидатот за градоначалник на Куманово од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски, објави дека е позитивен на коронавирусот. Тој вели дека денеска добил позитивен резултат на тестот на Ковид-19 и дека следните 10 дена ќе биде во самоизолација.

„Почитувани граѓани, за жал, мора да ве известам дека на моето денешно тестирање на Ковид-19 излегов позитивен, вакциниран и почитувајќи ги сите мерки за заштита на моето и вашето здравје, сепак дојде до оваа несакана ситуација за секого. Мојот тим е на терен и работи за да ја донесеме долгоочекуваната и заслужена промена во Куманово“, напиша Михајловски на „Фејсбук“.

Можете да прочитате

Попладнево пукање во Скопје: Маж ранет, напаѓачот уапсен

Филипче: Пораките од Тиват ги разобличија сите лаги на Мицкоски за Европа

Кога препораките стануваат правила – Кој го управува пензионерското организирање?