Утрински Весник
Македонија

Заев од Свети Николе: Од 1 јануари просечната плата ќе биде 500 евра, а минималната плата 300 евра

Заев од Свети Николе: Од 1 јануари просечната плата ќе биде 500 евра, а минималната плата 300 евра

Од 1 јануари 2022 година, просечната плата ќе биде 500 евра, минималната плата 300 евра, порача Заев вечерва од Свети Николе.

„ Работиме оние кои немаат работа – да најдат работа, работиме за да овозможиме на младите да се вработат и да земаат убави плати, работиме за да овозможиме постојан раст на пензиите, кај кои од први јануари ќе има видливо покачување, големо“, порача Заев.

Тој додаде дека посветено се работи лицата со попреченост да имаат и услови за функционирање, да бидат вградени во општеството и да заработуваат сами, исто така и за семејствата во социјален ризик – да примаат социјална помош со којашто ќе можат да функционираат, до моментот кога ќе се извлечат од сиромаштијата.

„Работиме да се отворат нови бизниси, да ги поддржиме постоечките бизниси да се развијат, работиме да донесеме нови инвестиции, да овозможиме постоечките инвестиции да се развијат“, порача Заев, додавајќи дека 605 компании, претежно на млади луѓе се поддржани со ФИТР со 85 милиони евра за развој сопствени бизниси.

Тој нагласи дека сето ова го овозможуваме како држава, но и на локално ниво, да се грижиме за сите, за „Најдоброто“.

„Наша цел е „мојата општина“ да помага на сите, градоначалникот на Свети Николе Сашо Велковски има идеја и има знаење како да го донесе „Најдоброто“ во Свети Николе, а тоа е Европа во вашите маала и затоа ве повикувам да му ја дадеме довербата на Сашо Велковски, за нов градоначалнички мандат во Општината Свети Николе“, повика претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Можете да прочитате

НИ СЕ ВРАЌААТ ЛЕТНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ: Пред нас многу сонце и значително потопло време!

ЦУК: Гори депонијата во Вардариште

ДУИ објави имиња на кандидати за неколку општини, Фатмир Дехари ќе трча за уште еден градоначалнички мандат во Кичево