Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Николоски: Кандидатот на СДСМ за Аеродром нанел тешки повреди на човек кој бил на раб да загине

(Видео) Николоски: Кандидатот на СДСМ за Аеродром нанел тешки повреди на човек кој бил на раб да загине
300x250 opst2

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при денешната посета на општина Аеродром, за кандидатот од СДСМ за градоначалник на оваа скопска општина, Александар Филиповски, рече дека е осудуван за нанесување тешки телесни повреди на лице кое било на раб да го загуби животот.

„Кандидатот на СДСМ е лице кое што е осудувано за напад со тешки физички повреди, имено истиот има пресуда и од Основен и од Апелационен суд за напад врз друго лице за што е осуден на две години условна казна со една година ефективна казна, заради тоа што нанел тешки телесни повреди на друго лице. Од она што ние го имаме како сознание се работи за еден тежок инцидент во кој што другото лице било на раб да го загуби и животот. Таков човек кандидира СДСМ и Зоран Заев тука во Аеродром“ истакна Николоски.

Тој порача дека нивниот кандидат, Тимчо Муцунски е исклучително квалитетно решение кое ќе ги промени работите во општина Аеродром, затоа што, како што кажа, од СДСМ веќе признале дека општина Аеродром не ја воделе добро со самото тоа што решиле актуелниот градоначалник да не го кандидираат за втор мандат.

Можете да прочитате

Мицкоски: Коалицијата на СДСМ, ДУИ и Левица е за пари, ВМРО-ДПМНЕ е за народот

Костова: Со стиснати тупаници против апашлукот на ДПМНЕ, се бориме за нашиот дом

Анастасов: Бесплатен седумдневен летен одмор за сите полуматуранти, бесплатна екскуризја низ Европа за сите матуранти во новиот мандат