Утрински Весник
Спорт

Уште еден играч бесплатно заминува од Баерн?

Уште еден играч бесплатно заминува од Баерн?

Николас Зуле би можел да тргне по стапките на Давид Алаба и Жером Боатенг и да го напушти Баерн Минхен како слободен играч.

Договорот на Зуле со Баерн истекува за девет месеци, преговорите се одвиваат бавно и не се исклучува можноста тој да не ја продолжи соработката со Баварците.

Клубот и тренерот Нагелсман скаат Зуле да остане, но не под условите кои ги поставил. Зуле од клубот бара годишна плата од 10 милиони евра. Баерн нема немара да издвои толкава сума за Зуле.

Германскиот репрезентативец имал понуди од Премиер лигата, во летниот преоден рок се шпекулираше дека Томас Тухел сака да го види во Челси.

Баерн, поради големите финансиски барања, клубот го напуштија Давид Алаба и Џером Боатенг. За разлика од нив, Леон Грецка го доби она што го побара од клубот и тој го продолжи договорот.

> Уште еден играч бесплатно заминува од Баерн? <

Можете да прочитате

Лион во нов скандал: сомнежи за фиктивни трансфери од 120 милиони евра

Уапсени 29 фудбалери во Турција поради обложување

Во Вашингтон денеска жрепка за СП 2026