Утрински Весник
Магазин

Елизабет Харли добива совети за бикини-селфи од синот

Елизабет Харли добива совети за бикини-селфи од синот

Елизабет Харли користи совети за селфи во бикини од нејзиниот 19-годишниот син Демијан.

Младиот актер-модел ја охрабрил својата славна мајка да позира во костими за капење на социјалните мрежи и покрај студеното време во Англија.

Говорејќи на „Пипл ТВ“, 56-годишната актерка и манекенка рече: „Беше предизвик бидејќи долго време не сум била на некое топло место. Снимав во странство, но всушност тоа беа студени земји. Така што, го имав мојот двор и мојата куќа, а тоа е Англија.“

“Немав плажа, немав море, немав вода. Многу ретко имаме сонце”.

„Мојот син ми рече: Мамо, направи го тоа. И јас го послушав, ми се чинеше дека е добра идеја особено за време на локдаун.”

Можете да прочитате

Психолозите тврдат: Мажите кои ги имаат овие особини се најдобри сопрузи

Шерпа Ками ги собори сите рекорди: Се искачи на Монт Еверест по 29-ти пат

Хороскопски знаци кои постојано се загрижени за иднината