Утрински Весник
Македонија

Шилегов: Скопје ќе биде град без шалтери, сè ќе се прави преку мобилен

Шилегов: Скопје ќе биде град без шалтери, сè ќе се прави преку мобилен

Младите мора да останат во Скопје и затоа во нив постојано ќе вложуваме, порача кандидатот за градоначалник, Петре Шилегов, на трибината на СДСМ во Гази Баба.

Тој кажа дека актуелната локална власт работи домаќински и веќе се заштедени пари кои се пренаменуваат за значајни цели.

„Веќе светат новите ЛЕД-светилки и заштедуваме 1,3 милиони евра годишно откако ги заменивме старите. Заштедата ќе ја трошиме за скопјани, така што ќе надоместуваме 50% од надоместокот за запишување деца во градинки и за оброк во основните училишта“, кажа Шилегов.

Тој потсети дека трите средни градски училишта во Гази Баба се целосно реконструирани, расчистени се депониите, направени се велосипедски патеки, а подигнати се и нови паркови.

„Затоа велам дека Скопје денес е многу поинаква приказна од претходно. Скопје ќе биде прв главен град во регионот што ќе биде целосно дигитализиран и нема да има повеќе шалтери, сè што може ќе биде направено преку мобилен“, заклучи Шилегов.

Можете да прочитате

Општините лани потрошиле рекордни 190 милиони евра на тендери

Во јуни најмногу странски туристи од Турција

„Јон Вардар против Галаксијата“ на Цветановски со азиска премиера во Манила