Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Хамилтон ќе стартува како последен во Турција?

Хамилтон ќе стартува како последен во Турција?
300x250 opst2

Интересната завршница на една од најинтересните Формула 1 сезони во последните две децении може да стане уште понеизвесна откако Мерцедес потврдија дека веројатно ќе го сменат моторот на Луис Хамилтон овој викенд на Турското ГП, што ќе значи дека ќе стартува последен, како што стартуваше неговиот ривал од Ред бул, Макс Ферстапен на претходната трка во Русија.

Хамилтон има водство од само 2 поени пред Ферстапен, а возачите смеат да користат само три различни мотори во текот на сезоната и секоја наредна замена ќе донесе казни на стартот на следната трка.

Шефот на Мерцедес, Тото Волф призна дека е многу веројатно да се смени и по четврти пат моторот на Британецот.

„Тоа е голема можност. Каде, и како ќе се случи, уште не сме одлучиле. Подобро да стартуваш од последното место, отколку да не завршиш трка поради проблеми со моторот“, изјави Волф.

До крајот на сезоната има уште седум трки – Турција, САД, Мексико, Бразил, Катар, Саудиска Арабија и Абу Даби.

> Хамилтон ќе стартува како последен во Турција? <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН