Утрински Весник
Спорт

Загуби УФЦ борба, ама „жив“ го фати крадецот на автомобили

Загуби УФЦ борба, ама „жив“ го фати крадецот на автомобили

УФЦ борецот во средна категорија Кевин Холанд фатил крадец на автомобили и го држел се додека не пристигнала полицијата. Да биде „епизодата“ повозбудлива, сето ова се случувало само неколку часа откако Холанд бил бизарно нокаутиран во „Фајт најт“ во Лас Вегас.

Транерот на Холанд – Шаг Дорси ја раскажал целата ситуација.

„Холанд ме повика и рече дека има кражба на автомобил кај блиската бензинска пумпа. Одлучил крадецот да го следи со својот автомобил. Ме праша дали сум буден затоа што се се случувало близу до мојата куќа. Слушнав тресок и истрчав од дома. Го видов Холанд како држи непознат човек и притоа снима .. Го фати, го собори и го држеше се додека не дојде полицијата“ рече тренерот на УФЦ борецот.

Само неколку часа пред случката, Холанд со удар в глава беше нокаутиран од Кајл Дукас, по што ја заврши борбата со гушење.

> Загуби УФЦ борба, ама „жив“ го фати крадецот на автомобили <

Можете да прочитате

Лион во нов скандал: сомнежи за фиктивни трансфери од 120 милиони евра

Уапсени 29 фудбалери во Турција поради обложување

Во Вашингтон денеска жрепка за СП 2026