Утрински Весник
Спорт

Норвешка без Халанд против Турција и Црна Гора

Норвешка без Халанд против Турција и Црна Гора

Норвешка, без најдобриот играч, ќе одигра два значајни натпревари во квалификациите за пласман на Светското првенство.

Норвежаните, наредните денови ќе играат против Турција и Црна Гора. Без Ерлинг Хачанд ќе се обидат да победат. Халанд има повреда на мускулот, поради која ги пропушти последните три натпревари на Борусија Дортмунд.

„За жал рехабилитацијата се одвива бавно, постои ризик да се влоши повредата доколку Ерлинг пред време се врати на теренот“, рекол докторот на норвешката репрезентација, Ола Санд.

По шест кола во Г-групата, Норвешка ја дели првата позиција со Холандија. Овие две репрезентации имаат по 13 бодови, зад нив се Турција со 11, Црна Гора со 8, Латвија со 5 и Гибрлтар со 0 бодови.

> Норвешка без Халанд против Турција и Црна Гора <

Можете да прочитате

Несторовски: Милевски не сака играчи со силен карактер, затоа ме отпиша од репрезентацијата

Вељко Пауновиќ официјално нов селектор на Србија

Еурофарм Пелистер почна добро, но загуби на гостувањето во Загреб