Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Арсовска: Ветинг за директорите на јавните претпријатија и раководителите на служби при град Скопје

Арсовска: Ветинг за директорите на јавните претпријатија и раководителите на служби при град Скопје
300x250 opst2

Ветинг за директорите на јавните претпријатија и раководителите на служби при град Скопје. Ова е едно од заложбите на Данела Арсовска во нејзината програма за брзи и ефикасни решенија на град Скопје.

„Ќе побараме од Комисијата за антикорупција, да создадеме програма за системско решение за спречување корупција во сите градски претпријатија, установи и училишта. Ќе постои Омбудсман одговорен за пријавите за корупција и прекршување на правата на граѓаните. Системски решенија мора да има“, порача независната кандидатка за градоначалник, Данела Арсовска на денешната прес конференција.

Во нејзината програма е предвидено град Скопје да биде отворен 24/7 за граѓаните на Скопје.

„Градската администрација ќе биде отворена за граѓаните кои ќе може да побараат услуга од градот и по завршувањето на работното време. Градот ќе има обврска во рок од 24-72 часа да даде одговор на секое барање независно дали е надлежен или не за решавање на проблемот. Ако не е одговорен, тогаш ќе има обврска да достави барање во име на граѓанинот до надлежната институција и да го информира каква е понатамошната процедура“, го објасни концептот Арсовска.

Процедурата за одговор е да има одговор по преку електронски пат, телефонски повик или смс.

Таа најави и целосна дигитализација на услугите на граѓаните кои ќе имаат и директна можност да се обратат до градоначалникот кој мора да има време за нив.

„Нема да постои затворена врата за граѓаните. Администрација платена од граѓаните мора да биде во служба на граѓаните. Но таа администрација мора да биде и мотивирана да работи подобро и поефикасно. Затоа ќе се воведе принцип на бодување по успешни проекти и завршени случаи“, заклучи Арсовска.

Можете да прочитате

77-годишна скопјанка измамена за 3.000 евра, уште една измама со лажна сообраќајна несреќа

Министрите Мисајловски и Хелез на првиот академски час на Воената академија: Академијата е симбол на знаење и лидерство, со високо реноме и квалитетна настава

Штекли добил епилептичен напад и паднал во судница – Одбивање на „дијазепам“ од 10 мг не може да биде нарушување на редот во судот, вели Дуковски