Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Заев: МВР ќе го објави форензичкиот извештај за тетовската модуларна болница

Заев: МВР ќе го објави форензичкиот извештај за тетовската модуларна болница
Img 7972

Форензичкиот извештај на Министерството за внатрешни работи кој треба да ги даде одговорите како настанал пожарот во тетовската модуларна болница, ќе биде објавен јавно. Премиерот Зоран Заев смета дека тоа нема да наштети на истрагата на Обвинителството. Македонија и натаму го очекува извештајот на германските експерти.

„Јас не можам да дадам наредба, налог, напатствија на орган кој не е под наша надлежност, тоа обвинителство. Можам да апелирам да се објави извештајот. Можам да побарам од МВР да го објават, соопштат извештајот. Поминуваат недели, треба да се дадат одговори, прво за граѓаните, потоа и за нас, за да носиме одлука. Очекувам од следните денови да се објават од МВР детали од форензиката, а ОЈО, да продолжи со истрагата. Но, одговорот за како настанал пожарот и што се случило, сите детали поврзани со моментот, очекувам да бидат јавно објавени“, рече Заев.

Премиерот посочи дека вештачењето доставено во Обвинителството треба да се објави за да се дадат одговори на граѓаните, доколку тоа не пречи на истрагата. По ова, Заев ќе се произнесе и за понудените оставки од министерот за здравство Венко Филипче и заменик министерот Илир Хасани.

Можете да прочитате

Малолетник од Скопје се обидел да го убие својот татко

Мециновиќ: Од сабајле до вечер ќе бидеме на улица со граѓаните

Мојсоска: Како Мерко во мандатот на Мицкоски отвори приватна градинка на контроверзниот универзитет?