Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Шилегов е единствен градоначалник кој направи мост што завршува во куќа, во дневна соба

Мицкоски: Шилегов е единствен градоначалник кој направи мост што завршува во куќа, во дневна соба

Овие криминалци 4 години само ја пустошеа и пљачкаа Македонија. Ајде да зборуваме за 16 милијарди евра на граѓаните. Ајде да зборуваме за новиот долг, 4.500 евра го задолжија секое семејство. Што ветуваа, а што направија? Се сеќавате на ветувањата за 500-600 километри автопат, тие не можеа со бела лента да го обојат веќе направениот автопат од владите на ВМРО-ДПМНЕ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во скопски Карпош.

„Тие само потрошија 16 милијарди пари на граѓаните, да зборуваме за 6 илјади фамилии кои ги завија во црно, повеќе пд 6 илјади граѓани починаа од корона, ајде да зборуваме за економија ги ветуваа Гугл, Фејсбук, Икеа. На дното сме по домашни и странски инвестиции. Осум од 10 мои студенти ја напуштаат Македонија“, кажа Мицкоски.

Мицкоски се осврна и на актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, а и кандидат за градоначалник на Скопје и на овие избори.
„Еден мал Зоран, оној Шилегов е единствен градоначалник кој направи мост што завршува во куќа во дневна соба. Скопје е единствениот град каде се гради мост од Аеродром до Ќерамидница и завршува директно во семејна куќа. Нема друг таков пример, само Петре може да изгради таков мост“, рече Мицкоски.

Можете да прочитате

Мицкоски: Преносот на останките на Цар Самоил го коментирам преку Бледскиот договор, со кој во Скопје беа донесени посмртните останки на Гоце Делчев

Полицијата уапси 12 возачи во последните 24 часа

Министерот Мисајловски на отворањето на централниот Меморијален турнир во чест на загинатите бранители