Утрински Весник
Македонија

Мицкоски до кумановци: Дали живеете подобро и што е она што СДСМ изминативе 30 години добро го има направено?

Мицкоски до кумановци: Дали живеете подобро и што е она што СДСМ изминативе 30 години добро го има направено?

Прашањето кај секој еден кумановец, кој што треба да си го постави е дали живеете подобро. И што овие луѓе направија изминатите 30 години за вашето Куманово, за нашата Македонија? И дали тоа што го направија е доволно за да ние на 17-ти октомври излеземе и го дадеме гласот за нив или пак излеземе на 17-ти октомври и гласаме за човекот кој што денеска наброја онолку проекти колку што тие во 70 години половина немаат реализирано“, ги запраша граѓаните Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Куманово.

Мицкоски додаде дека тој е убеден дека 17-ти октомври кумановци ќе го изберат Тони Михајловски, ќе го изберат бројот 7, за тоа што кумановци овој пат се решени за промени, решени се за проекти и решени се за победи. Време е да се создаде нова подобра иднина за Куманово.

„Граѓани вие најдобро знаете дека волкот влакното го менува, но карактерот не. Доста е од овие политичари, нам ни треба нова иднина. Овие избори се шанса за промени, шанса за подобро утре. Многумина деновиве ми го поставуваат прашањето што е за тебе Христијан победа. Ќе се обидам во неколку реченици да кажам што е за мене победа. Победа е кога ќе спасиме 14 човечки животи, победа е кога грешиме, ќе се извиниме, ќе се корегираме, и ќе продолжиме понатаму. Победа е да се почитуваме и тогаш кога сме различни, победа е да создадеме вредности, принципи, да има одговорност кога треба“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека победа исто така е кога треба да се создава, да се работи, и да се оди напред. Победа е кога се има исти цели, а целта е Македонија да влезе во ЕУ, децата да го живеат европскиот сон и да имаат квалитетно образование.

—

Можете да прочитате

Мицкоски: Преносот на останките на Цар Самоил го коментирам преку Бледскиот договор, со кој во Скопје беа донесени посмртните останки на Гоце Делчев

Полицијата уапси 12 возачи во последните 24 часа

Министерот Мисајловски на отворањето на централниот Меморијален турнир во чест на загинатите бранители