Утрински Весник
Македонија

Заев од Македонска каменица: Со СДСМ сите се на сигурно – и граѓаните и државата

Заев од Македонска каменица: Со СДСМ сите се на сигурно – и граѓаните и државата

Ние се грижиме за рударите – тие ги игнорираа. Имав можност да се сретнам со пензионирани рудари, овде во Паркот на рударите и убаво
е да се види како си ги шетаат внучињата. Беа со години онеправдени – ние им ја намаливме старосната граница за пензионирање од 58 години на 50 години, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев од Македонска Каменица.

„ Ние ги враќаме парите кај граѓаните – тие крадат. Го зголемивме растот на платите за три пати. ВМРО-ДПМНЕ отпушташе луѓе за искажан став и газеше по нивното достоинство. Тие тоа го прават дури и од опозиција. Ние ги покачуваме платите на здравствените работници. А од ВМРО-ДПМНЕ се слушна употреба на ужасен термин „убијци“ – за луѓето кои во време на пандемија, деноноќно работат да спасат животи!

Ние ја обновивме евтината тарифа на струјата и со повратот на ДДВ милиони евра се слеваат во семејните буџети. ВМРО-ДПМНЕ ја покачи струјата за 100 проценти и милиони евра наводно за врби и барок, стави во своите џебови.

Со СДСМ сите се на сигурно – и граѓаните и државата. Денес сме светол пример на Балканот, пријатели со соседите, со НАТО и ЕУ перспективи.
Со ВМРО-ДПМНЕ сите се во опасност. Државата во изолација. Граѓаните уценети. Нашите кандидати за градоначалници и советници се проевопска понуда за модерните развојни текови. Голем дел од кадрите на ВМРО-ДПМНЕ биле дел од централната или локалната власт во времето на режимот на Груевски.

Затоа на 17 октомври ве повикувам – СПОРЕДЕТЕ. НАПРАВЕТЕ РАЗЛИКА. ОДЛУЧЕТЕ. ИЗБЕРЕТЕ ГО НАЈДОБРОТО“ порача Заев.

Можете да прочитате

МВР не дозволи учество на „Маршот за ангелите“ на луѓе од други градови

На „Табановце“ се чека околу 40 минути за излез од државата

Поради пожар во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод – Скопје