Утрински Весник
Македонија

Жена се обидела да внесе кокаин скриен во храна во затворот во Штип

Жена се обидела да внесе кокаин скриен во храна во затворот во Штип

Жена од Свети Николе се обидела да внесе храна во која имало скриено кокаин во затворот во Штип.

Според информациите на МВР, вчера Б.М.(44) од Свети Николе била приведена, затоа што околу 13 часот во затворот во Штип се обидела да внесе пакет со храна на осудено лице, во кој имало прашкаста материја, која била пронајдена при претрес од затворската полиција.

Во врска со настанот, полициски службеници ја привеле и В.К.(46) од Штип. При претрес во нејзиниот дом била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случајот, против Б.М. и В.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Жена на 61 година го роди своето прво дете

Во Струмичко претепале семејство и нападнале полицајци, сакале да грабнат жена

Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и силен ветер се очекува утре