Утрински Весник
Свет

Швајцарија ќе им даде 1,2 милијарди евра на сиромашните земји на ЕУ

Швајцарија ќе им даде 1,2 милијарди евра на сиромашните земји на ЕУ

Швајцарија деблокираше вкупно 1,3 милијарди франци (1,2 милијарди евра) финансиска помош за посиромашните земји-членки на ЕУ, во обид да ги поправи затегнатите односи со најголемиот трговски партнер во моментов.

Горниот дом на швајцарскиот парламент ја одобри таа сума за плаќања во следните неколку години. Станува збор за пари за „плаќања за кохезија“ замрзнати во 2019 година, по спорот околу меѓусебното признавање на правилата на берзата.

Така, Швајцарија покажува добра волја по години неуспешни преговори за посилна врска помеѓу земјата и единствениот пазар на Европската унија, а Берн, исто така, се надева дека повторно ќе може да учествува во истражувачката програма на Унијата – Хоризонт.

Швајцарија не е членка на Унијата, туку учествува во нејзините програми и внатрешниот пазар на блокот преку билатерални договори. За возврат, пред неколку години договорени се плаќања за поддршка на посиромашните земји на Европската унија, а сличен аранжман беше договорен и со Норвешка.

Можете да прочитате

Мнозинството Американци веруваат дека ОН е неопходна, но ја критикуваат неефикасноста

Саудиска Арабија го предупреди Израел за сериозни последици доколку го анектира Западниот Брег

ЕУ официјално соопшти за кибернапад врз европските аеродроми