Утрински Весник
Култура

Отворен повикот за учество на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија 2021“

Отворен повикот за учество на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија 2021“

Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ повторно во живо. По минатогодишното онлајн-издание, деветтото издание на Џифони Македонија ќе се одржи од 7 до 12 октомри во Скопје, на добро познатите локации: во Кинотеката, во Младинскиот културен центар и во киното „Милениум“. Веќе неколку дена е објавен повикот со кој се повикуваат сите ученици од средните и од основните училишта да се пријават за учество во меѓународното жири.

Во намален број заради протоколите за безбедност, околу 180 ученици од основните и средните училишта од градот заедно ќе гледаат филмови и ќе учествуваат на креативни работилници, мастеркласови и други интересни содржини.

За учесниците од странство и од другите градови во Македонија ќе биде обезбедена видеоконекција преку која ќе им се приклучат на своите врсници во активностите.

Пријавувањето е отворено до 4 октомври (понеделник).

Текстот Отворен повикот за учество на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија 2021“ е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“