Утрински Весник
Магазин

Др. Дре, Снуп Дог и Еминем ќе настапат на полувремето на „Супербол“

Др. Дре, Снуп Дог и Еминем ќе настапат на полувремето на „Супербол“

Др. Дре, Снуп Дог и Еминем се меѓу ѕвездите кои ќе настапат на посакуваното шоу на полувреме на „Супербол“ следната година, потврди американската НФЛ.

На нив ќе им се придружат Мери Џеј Блејџ и Кендрик Ламар во спектаклот кој најверојатно ќе привлече десетици милиони гледачи.

Ѕвездите, кои вкупно имаат 43 Греми-награди, ќе настапат заедно за првпат во февруари 2022 година.

„Ова ќе биде вовед во следната сага во мојата кариера“, напиша Др. Дре на Инстаграм.

„Можноста да настапам на полувремето на Супербол ќе биде една од најголемите возбудувања во мојата кариера“, вели раперот и продуцент од Лос Анџелес.

Можете да прочитате

Денеска е Меѓународен ден на писменост, 739 милиони возрасни лица немаат основни вештини

Специфични пет прашања околу тоа како детето си поминало на училиште

Бубрег од свиња пресаден кај Американец функционирал рекордни 271 ден