Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Османи-Швенг: Западен Балкан треба да биде водечки приоритет на ЕУ

Османи-Швенг: Западен Балкан треба да биде водечки приоритет на ЕУ
300x250 opst2

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи се сретна со Криста Швенг, претседателка на Европскиот економски социјален комитет – ЕЕСК.

На средбата, Османи изрази задоволство од пристапот што ова советодавно тело на Унијата го има кон земјите од Западен Балкан, сметајќи го регионот за клучна гео-стратешка точка на Европа, а процесот на проширување, инвестиција во мир, стабилност, безбедност и економски раст за целиот континент, соопштија од Министерството за надворешни работи.

Османи и Швенг разменија мислења за плановите за реактивирање на работата на Заедничкиот консултативен комитет ЕЕСК-МК, кој е од исклучително значење за дијалогот на Северна Македонија со ЕУ во социо-економската област, а ќе има важна улога и во текот на процесот на преговарање.

Соговорниците, според соопштеното, разговарале и за Форумот на граѓанското општество на Западен Балкан, кој оваа година се одржува во Скопје, со цел усвоените препораки од Форумот да бидат презентирани на Самитот ЕУ-ЗБ во Словенија, наредната недела.

Можете да прочитате

Николоски: Со Светската банка лоциравме над 14 милиони евра за локални улици, следат дополнителни 2,5 милиони евра

Алиу: Лекарската комора ме извести дека е истечена лиценцата на доктор Кузмановски

Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори