Утрински Весник
Спорт

Палмеирас преку Атлетико до финалето во Копа Либертадорес

Палмеирас преку Атлетико до финалето во Копа Либертадорес

Фудбалерите на Палмеирас се пласираа во финалето, во Копа Либертадорес. Шампионите од 1999 и 2020 година, во полу-финалето го елиминираа Атлетико Минеиро.

Првиот меч, одигран на теренот на Палмеирас, заврши без голови, нерешено беше и во реваншот. Палмеирас благодарение на голот постигнат на гостински терен избори место во финалето.

Едуардо Варгас во 52.минута постигна гол за Атлетико Минеиро, а изедначи Дуду во 68.минута.

Вечерва ќе биде познат противникот на Палмеирас во финалето. Фламенго, во Еквадор, против Барселона, ќе ја брани предноста од 2:0.

> Палмеирас преку Атлетико до финалето во Копа Либертадорес <

Можете да прочитате

Сенегал во хаотично финале до своја втора африканска титула

Македонија и Португалија одиграа нерешено

Ѓоковиќ: Не размислувам за крај на кариерата