Утрински Весник
Македонија

Малолетник од Скопје фатен на дело, насилно украл накит од врат на минувач

Малолетник од Скопје фатен на дело, насилно украл накит од врат на минувач

Малолетник од Скопје бил фатен како на дрзок и насилен начин одзема накит од вратот на минувач, соопшти полицијата.

Имено вчера околу 14.10 часот на ул.„Индира Ганди“ во Скопје, полициски службеник од Полициското одделение Шуто Оризари лишил од слобода малолетен крадец од Скопје, кој бил затекнат при извршување „тешка кражба“ на дрзок начин, односно во моментот кога со употреба на сила од вратот на Н.А.(61) од Скопје одзел златен накит.

Тој бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Шест нови случаи на западнонилска треска за еден ден, вирусот стигна и во Куманово

Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на нејзино затрупување

Мицкоски за „Брајтбарт њуз“: Направивме многу отстапки за ЕУ, но, за жал, нè предадоа и нè излажаа