Утрински Весник
Економија

Заев и Хоџа со оризопроизводителите: Се разговара за најповолно решение за овогодинешниот откуп

Заев и Хоџа со оризопроизводителите: Се разговара за најповолно решение за овогодинешниот откуп

Премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, денеска во Владата одржаа средба со претставници на оризопроизводителите од Кочанскиот Регион, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев.

Средбата беше искористена за разговори и договори за димензионирање на конкретни решенија, кои ќе бидат поволни за оризопроизводителите и откупувачите на ориз, за што поуспешен пласман на овогодинешната реколта на оризова арпа и ориз.

По консултациите и разговорите, премиерот Заев нагласи дека Владата ќе излезе во пресрет, со цел изнаоѓање на најдобри решенија за исполнување на барањата на оризопроизводителите.

Од премиерот Заев и ресорниот министер Хоџа беа изнесени предлог-решенија, кои беа прифатливи за претставниците на оризопроизводителите и во наредните неколку дена ќе бидат интензивирани комуникациите со откупувачите на ориз и оризова арпа за соодветно исполнување и спроведување на предложените решенија, информираат од Владата.

Додаваат дека претставниците на оризопроизводителите изразиле задоволство од предложените решенија и истакнале дека ќе упатат апел до откупувачите да бидат коректни во разговорите со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа со цел изнаоѓање на најповолно решение за сите страни.

Можете да прочитате

Оваа недела ќе се одржи 55. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

Џејми Караматиќ е новиот генерален директор на Рудник САСА

Институтот на сметководители и овластени сметководители и Македонската берза потпишаа Меморандум за соработка