Утрински Весник
Спорт

Лесор во Макаби

Лесор во Макаби

Францускиот репрезентативец, Матијас Лесор, кариерата ќе ја продолжи во Макаби од Тел Авив.

Лесор, потпишал краток договор со „Гордоста на Израел“. Макаби го ангажираше Лесор по повредата на Анте Жижиќ.

Поради тоа со францускиот центар, Макаби потпишале договор кој ќе трае два месеци. Доколку успее да се наметна, Лесор ќе потпише долгорочен договор со најтрофејниот израелски клуб.

Лесор, минатата сезона беше играч на Монако. Со овој клуб го освои трофејот во Еврокупот. Сезоната ја заврши со просек од 12,5 поени и 6 скока по натпревар.

> Лесор во Макаби <

Можете да прочитате

Ајкула, заробена во крајбрежен парк во Јужна Кореја, не сака да си замине, стана вистинска туристичка сензација

Ѓоковиќ ја продолжува серијата – без пораз ја освои титулата во Пекинг

Рељиќ освои бронза на Албанија Г-1 Опен