Утрински Весник
Свет

Излезни анкети во Германија: Мртва трка помеѓу ЦДУ и СПД

Излезни анкети во Германија: Мртва трка помеѓу ЦДУ и СПД

Според првичните прогнози по парламентарните избори во Германија, демохристијаните (ЦДУ/ЦСУ) и социјалдемократите (СПД) освоија по 25 проценти од гласовите.

На трето место се Зелените со освоени 15 проценти од гласовите. Либералите (ФДП) и деснопопулистичката АфД имаат по 11 отсто гласови, Левица освои 5 проценти, а преостанатите 8 отсто од гласовите ги делат другите партии кои се тркаа за место во Бундестагот, пишува „Дојче Веле“.

Од 18 часот се затворија избирачките места. Околу 60,4 милиони Германци имаа можност да одлучат за идниот состав на парламентот, и индиректно за идниот канцелар, што ќе ја наследи Ангела Меркел.

До рано попладнево одзивот на изборите беше помал отколку пред четири години. До 14 часот, на гласање изглегле 36,5 проценти од граѓаните со право на глас.

Можете да прочитате

Израелски воздушни напади врз јужен Либан, серија експлозии во повеќе градови

Уапсена жена осомничена дека планирала бомбашки напад врз владата на американската сојузна држава Њујорк

Осум загинати при пад на чартер-авион на Алјаска