Утрински Весник
Македонија

Драма во Ресен: Со нож се обидела да го повреди сопругот со кого се разведуваат, ја нападнала и неговата нова девојка

Драма во Ресен: Со нож се обидела да го повреди сопругот со кого се разведуваат, ја нападнала и неговата нова девојка

Семејна драма се случувала вчера во Ресен, кога 31-годишна девојка (Д.Н). се обидела со нож да го повреди сопругот со кого се во бракоразводна постапка.

Таа дошла кај сопругот заедно со својата мајка и двете физички ги нападнале баба му и неговата нова девојка. Потоа, Д.Н. се обидела со нож да го повреди него.

Полициски службеници излегле на местото и од жената бил одземен ножот.

По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Уапсен возачот кој управуваше возило во спротивен правец во Скопје

Уапсен прилепчанец за лихварство, позајмил 7.500 а назад барал 12.500 денари

Уапсено едно лице поради незаконит лов, следува пријава