Утрински Весник
Македонија

Нови 525 случаи на коронавирус, починаа 12 лица

Нови 525 случаи на коронавирус, починаа 12 лица
Dik 300x250 mk

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 525 нови случаи на коронавирус, 449 оздравеа, а 12 лица починаа, информира Министерството за здравство.

Починатите се од Скопје (82г, 83г и 87г), по две починати лица од Куманово (75г и 65г) и Тетово (69г и 38) и по едно починато лице од Прилеп (81г), Демир Хисар (71г), Кичево (70г), Штип (69г) и Делчево (60г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, велат од МЗ, согласно регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште шест лица кои починале во период од 22.08. до 19.09. Овие починати лица се: по 2 од Тетово и Куманово, и по едно починато лице од Кичево и Гостивар. Починатите се на возраст од 56-84 години, од кои само едно лице е починато во болнички услови, додека останатите пет лица се починати во домашни услови.

Во последните 24 часа направени се 3.858 тестови. Досега во земјата се направени вкупно 1.269.370 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.159 бројката на оздравени пациенти е 170.395, на починати е 6.557, а бројот на активни случаи изнесува 12.207.

Можете да прочитате

Ранѓеловиќ: Излезноста во Кочани манифестира најголема мизерија, наместо тој народ да бојкотира за децата кои ги загубија животите, се одлучија да гласаат за партиите кои го создадоа системот кој ги проголта

Пензионер од Скопје фатил провалник на дело во станот и тој го претепал

Цело Тетово нема вода – намерно пресечена главната водоводна линија