Утрински Весник
Магазин

Бред Пит и Анџелина Џоли постигнаа договор за продажба на заеднички имот

Бред Пит и Анџелина Џоли постигнаа договор за продажба на заеднички имот
Img 5587

Некогашниот омилен холивудски пар Бред Пит и Анџелина Џоли постигнаа договор што отвора врата за Џоли да го продаде својот уддел во винаријата вредна 164 милиони долари, но некои медиуми предупредуваат дека неодамнешна тужба на Пит става пречки на патот.

Џоли и Пит се согласуваат со одлуката за укинување на „стандардната привремена мерка забрана за пристап“ на нивниот заеднички имот, која беше донесена во текот на бракоразводната постапка.

Ss1

Ова му овозможува на поранешниот пар да продава имот стекнат во периодот на нивниот двегодишен брак, што навидум ја отвора вратата за Џоли да ги продаде своите 50% од акциите на замокот-винарија Шато Миравал во јужна Франција.

Но, претходно оваа недела, Бред поднесе тужба со која ја обвини Џоли за „одмазднички план“ да ги продаде нејзините акции, заобиколувајќи го неговото право на прво одбивање, и да профитира од „макотрпната работа, време и пари“ инвестирани од страна на актерот и неговите бизнис партнери, според ексклузивните правни документи до кои дојде „Дејли мејл“.

Замокот Миравал е проценет на 164 милиони долари (140 милиони евра).

Ss1

Можете да прочитате

Прогласени градовите добитници на наградите на ЕУ за инклузивност и различност за 2024 година 

Нарачала фустани преку интернет, а во пакетот ѝ стигнала епрувета со крв

Цветници е единствениот празник на кој се работите