Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ имаат обуки и во странство кои ќе ги искористат по победата на изборите

Мицкоски: Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ имаат обуки и во странство кои ќе ги искористат по победата на изборите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски денеска остварија средба со пратеничката во Европскиот парламент Марион Валсман, која е дел од пратеничката група на Европската народна партија, претставник на германската ЦДУ и директорот на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Македонија, Даниел Браун.

Како шро информираат од партијата, на средбата станало збор за актуелната политичка ситуација во државата и претстојните избори.

И од двете страни било посочено дека се потребни фер и демократски избори и дека власта е таа која треба да овозможи услови за истите.

„ВМРО-ДПМНЕ како градоначалници и советници има луѓе кои поминале низ бројни обуки на Фондацијата Конрад Аденауер во земјата и во странство. Сите тие ќе ги применат стекнатите знаења и во идното управување со општините, но и ќе ги искористат своите контакти стекнати во период на тие обуки за подобрување на животот во нивните места“, нагласил Мицкоски.

Меѓу другото станало збор и за ситуацијата со ковид-кризата, но и последната случка со несреќата во Тетово, по што од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ било истакнато дека власта мора да биде поодговорна и дека е потребно внимание и посветеност за обезбедување поголема сигурност на граѓаните.

Тој воедно ја посочил и потребата од одговорност од Филипче и Хасани.

Можете да прочитате

Убиство во Охрид: Осомничениот уапсен неколку часа по злосторството

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата

Намалена видливост до 50 метри поради магла на патниот правец Попова Шапка – село Лисец