Утрински Весник
Свет
Img 7972

Ердоган: Врските меѓу Турција и САД не се добри

Ердоган: Врските меѓу Турција и САД не се добри
Dik 300x250 mk

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оцени дека врските на Турција со Соединетите Американски Држави не се добри.

Врските меѓу сојузниците во НАТО паднаа на најниско ниво претходно оваа година, кога САД воведоа санкции против турската воена индустрија поради купување на руски одбранбени системи С-400, пишува „Ројтерс“.

Вашингтон ја исфрли Анкара од програмата за борбени авиони Ф-35, каде што беше купувач и производител.

„Сегашната насока не ветува“

„Не можам да кажам дека се одвива здрав процес во турско-американските односи. Купивме Ф-35, плативме 1,4 милијарди долари, а тие авиони не ни беа предадени. САД мора да го решат ова“, изјави Ердоган пред новинарите по присуството на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Турскиот претседател рече дека Анкара ќе ги задоволи своите одбранбени потреби на друго место доколку Вашингтон не помогне.

„Двете земји треба да соработуваат како пријатели, но сегашната насока не ветува“, рече Ердоган, додавајќи дека американскиот претседател eо Бајден не започнал добро.

Можете да прочитате

Израел нема да го отвори граничниот премин Рафах

Русија им предаде на САД декласифицирани советски документи за атентатот на Кенеди

Во Индија загинаа 20 патници откако се запали автобус