Утрински Весник
Спорт

Јокиќ: Донесов добра одлука кога решив летово да не играм за Србија

Јокиќ: Донесов добра одлука кога решив летово да не играм за Србија

Најкорисниот играч минатата сезона во НБА лигата, Никола Јокиќ, во пресрет на новата сезона, одговарал на прашањата на локалните медиуми. Едно од прашањата се однесувало и на одлуката да не настапи за репрезентацијата на Србија, на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во Токио.

Србија, беше домаќин на турнирот, но во финалето доживеа тежок пораз од Италија. Јокиќ не е кае што го одбил повикот на селекторот.

„Донесов одлука. Дали е добра или не јас стојам позади неа. Повторно би го направил истото. Тоа беше паметна одлука. Погледнете колку играчи отдуствуваа од натпреварите минатата сезона. Верувам во организацијата и во стручниот штаб на екипата“, рекол Јокиќ.

> Јокиќ: Донесов добра одлука кога решив летово да не играм за Србија <

Можете да прочитате

Успешно реализирано Светското училишно првенство во ракомет – Македонија ја оправда довербата на светската спортска сцена

Мастербет со поддршка за младиот шампион Силвио Мировски на патот кон нови европски успеси

Неверојатно полуфинале во Париз – ПСЖ и Баерн постигнаа девет голови