Утрински Весник
Македонија

Ќе се воведуваат брзи тестови во училиштата

Ќе се воведуваат брзи тестови во училиштата

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека ќе се воведат брзи антигенски тестови во училиштата.

Според него, најголем дел од младите коронавирусот го поминуваат без симптоми, па според тоа истите се препознаени како трансмитери на вирусот.

Засега, вели Филипче, состојбата во училиштата е стабилна, но поради претпазливост и располагање со точни информации и сознанија во подготовка е методологија за спроведување на скрининг тестирање за учениците во основните и средните училишта. Тестирањата на учениците ќе се прават со брзи антигенски тестови.

„По почетокот на школската година се забележува очекуван раст на случаите меѓу учениците. Фактот што најголем дел од младите на таа возраст го поминуваат вирусот асимптоматски, упатува на потребата од вакво тестирање да се види реалниот број на заразени во училиштата и да се процени точно ризикот. Она што е важно дека засега состојбата во училиштата е стабилна, но ваквото тестирање ќе ни даде точни информации и сознанија за понатамошен менаџмент на пандемијата и обрзованието“, рече Филипче.

Можете да прочитате

Илиевска од „Поинаку“: Буквално ги молевме оние што ги избравме во парламентот да ни овозможат да учествуваме на изборите

,,Тело-простор, документарна инсталација” во Културниот Центар Јадро

Крмов: Техничката влада беше временско решение, време е да се укине