Утрински Весник
Македонија

Приведена скопјанка што крадела во Гази Баба

Приведена скопјанка што крадела во Гази Баба

Полицијата приведе 35-годишна скопјанка осомничена за кражби на подрачјето на Гази Баба.

Според информациите на МВР, вчера е приведена Б.А.(35) од Скопје поради сомнение за сторени повеќе кривични дела -„измама“ „дрска кражба“ и „кражба“ на подрачјето на Гази Баба.

По судска наредба бил извршен претрес во нејзиниот дом и била пронајдена облеката што ја носела при извршување на кривичните дела.

Од МВР информираат дека било извршено препознавање од оштетените, при што биле расчистени шест кривични дела – три измами, една тешка кражба на дрзок начин и две кражби.

По целосно документирање на случаите против неа ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Лишен од слобода турски државјанин баран со потерница

Мојсоска: Мицкоски и СДС си го делат бизнисот со струја – ЕСМ тоне, тие се богатат

ЗНАМ: Подолг период беше јасно дека Цеков се оддалечува од принципите на ЗНАМ