Утрински Весник
Спорт

Аргентински фудбалер спие по клупи во Грција откако му пропаднал трансферот

Аргентински фудбалер спие по клупи во Грција откако му пропаднал трансферот
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Аргентинскиот фудбалер од средниот ред, Максимилијано Форнари тврди дека е „заглавен“ во Грција и дека спие по клупи во Лариса, откако пропаднал неговиот трансфер во третолигашот Аполон Лариса.

26-годишниот Форнари минатата сезона играл во Аргентина, во Сармиенто и Гуемес, но летово добил понуда од Аполон Лариса, и откако пристигнал во Грција, клубот го оставил без договор и тој вели дека нема пари за повратен билет за Аргентина.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

„Работите беа компликувани и не знам што се случи. Тие кои ме донесоа тука, ме оставија. Го напуштив тимот во кој играв бидејќи добив официјална понуда, но не го потпишав договорот“, вели Форнари.

Грчкиот клуб се брани дека Форнари паднал на медицинскиот тест и затоа не можеле да му дадат договор. Покрај тоа, Панајотис Манзано, претседателот на клубот вели дека фудбалерот сега е во Барселона, што значи дека не му биле потребни пари и дека лажел.

„На 15 јуни, еден месец пред летниот камп, фудбалерот пристигна во Лариса и помина медицински тестови. Резултатите не беа очекувани и се откажавме од трансферот. Додека беше тука, јас му дадов пари нему и дадов дополнителни пари за неговиот агент. Ни беше кажано дека ќе оди во друг тим во Грција. Сега читам дека спиел по клупи, а неговиот агент вели дека е во Барселона“, вели Манзано.

> Аргентински фудбалер спие по клупи во Грција откако му пропаднал трансферот <

Можете да прочитате

Новиот шампион на Англија е Манчестер Сити

Монтеро ќе го води Јувентус до крајот на сезоната

Бешикташ и Мурињо почнаа преговори