Утрински Весник
Македонија

Радев: Изјавите и ветувањата во дијалогот со Северна Македонија повеќе не функционираат

Радев: Изјавите и ветувањата во дијалогот со  Северна Македонија повеќе не функционираат
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Изјавите и ветувањата во дијалогот со Република Северна Македонија повеќе не функционираат и Бугарија очекува јасни правно обврзувачки решенија што ќе доведат до одржливи и неповратни резултати. Само реални резултати во дијалогот со Бугарија ќе го забрзаат процесот на европска интеграција за Република Северна Македонија, изјавил бугарскиот претседател Румен Радев за време на состанокот со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи.

Pet Utrinski

Според тамошните медиуми, Радев во изјавата кажал дека Бугарија очекува ефективни активности од институциите на Европската Унија за воспоставување на вредностите на демократијата и почитување на човековите права во Република Северна Македонија.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

„Бугарија е најзаинтересирана да ги види своите соседи во Европската Унија, но за тоа е потребно целосно исполнување на Копенхашките критериуми за членство на Република Северна Македонија, особено почитување на човековите права и принципите на добрососедство со Европската Унија“, потенцирал бугарскиот претседател.

Бугарските агенции пренесуваат и дека Радев во обраќањето пред Вархеи, потсетил дека Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Северна Македонија, потпишан во 2017 година, не се спроведува.

„Нашиот сосед се уште не ги решил проблемите со говорот на омраза како и во однос на правата на граѓаните на земјата, кои отворено ја изразуваат својата бугарска самосвест“, изјавил Радев.

На средбата, според соопштеното, бил донесен заеднички став дека во процесот на европска интеграција на земјите од Западен Балкан и решавање на спорните прашања, најважен е директниот и отворен дијалог.

Можете да прочитате

Ален: Бевме разочарани кога видовме дека Сиљановска Давкова не го користи целосното име Северна Македонија

Велешанец при собирање печурки го погодил проектил од огнено оружје во левата нога

Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија