Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Осумдневен притвор за пет лица од вчерашните протести во Тетово

Осумдневен притвор за пет лица од вчерашните протести во Тетово
300x250 opst2

Судијата на претходна постапка при Основниот суд Тетово им определил осумдневен притвор на петмината приведени по вчерашните протести во Тетово.

Основното јавно обвинителство Тетово, информира дека по поднесена пријава од СВР Тетово, има поведено постапка против 5 лица за кои постои основано сомнение дека за време на протестите во Тетово, одржани на 17 септември 2021 година, го сториле кривичното дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие од член 384 став 2 од КЗ. За четворица од нив постапка се води и за сторено кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедност од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Поради потребата од непречено водење на кривичната постапка, особено поради постоење на основано сомнение дека осомничените лица ќе се кријат или дадат во бегство, како и дека постои можност да го повторат кривичното дело, тетовското обвинителство до надлежниот суд достави предлог за определување на мерката притвор. Судијата на претходна постапка при Основниот суд Тетово го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничените им е определен притвор во траење од по 8 дена“, информираат надлежните.

Три од лицата беа приведени вчера во протестите во Тетово, а други две денеска. Тие учествувале во вчерашните протести на кои се бараше одговорност за трагедијата со пожарот во модуларната ковид-болница, а дел од демонстрантите се судрија со полициските службеници.

Можете да прочитате

Поднесена кривична пријава против осум физички и едно правно лице за злоупотреби во РЕК Битола со кои е стекната противправна имотна корист во висина од 106.200.000 денари

Нова истрага за злоупотреби во РЕК Битола

Изборниот караван на ТХП спречен од полицијата во Демир Капија