Утрински Весник
Македонија

Кривична за жител од Дебар, бесправно градел и стекнал имотна корист во износ од над 140.000 денари

Кривична за  жител од Дебар, бесправно градел и стекнал имотна корист во износ од над 140.000 денари

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против М.Б.(59) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.

Тој, во текот на јуни оваа година во месноста „Бадеми“, на брегот на Дебарското Езеро, на парцела во државна сопственост, без одобрение од надлежен орган и спротивно на Законот за градење, започнал градба на објект.

Со тоа, велат од полицијата, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист во износ од 142.560 денари.

Можете да прочитате

Влада: Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за нашата европска ориентација

Тенор Хозе Карерас и македонските ѕвезди на Плоштад „Македонија“ по повод „35 години независност“

Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи при Министерството за внатрешни работи