Утрински Весник
Свет

Американската војска призна: Во нашиот напад со дрон во Кабул загинаа 10 цивили

Американската војска призна: Во нашиот напад со дрон во Кабул загинаа 10 цивили

Американската војска во петокот потврди дека нејзиниот последен напад во Кабул кон крајот на август, во кој загинаа десет цивили, меѓу кои седум деца, бил трагична грешка.

„Не е веројатно дека возилото и оние кои загинаа, на некој начин биле поврзани со џихадистичката група Исламска држава – Корасан (ИСК) или дека тие претставувале директна закана за американските сили“, изјави Кенет Мекензи, началник на американските сили во Авганистан, пред нивното конечно повлекување.

„Нашата истрага заклучи дека нападот бил трагична грешка“, додаде тој, истакнувајќи дека ја презема целата одговорност.

„Изразувам мое најдлабоко сочувство до семејствата и пријателите на убиените“, продолжи началникот.

Тој потсети дека нападот со дрон на 29 август во Кабул имал за цел да спречи непосредна закана од ИДК, неколку дена по атентатот на таа група во кој беа убиени 13 американски војници во близина на аеродромот во Кабул.

Можете да прочитате

САД ја продолжија лиценцата за меѓународни операции на Лукоил до 2026

Намалување на ограничувањата за извоз на оружје во Швајцарија

Европејците го гледаат Трамп како непријател и се загрижени за војна со Русија