Утрински Весник
Македонија

19-годишна девојка со тешки повреди пренесена во болница по сообраќајка

19-годишна девојка со тешки повреди пренесена во болница по сообраќајка

Деветнаесетгодишна девојка се здобила со тешки повреди во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Скопје-Тетово, кај селото Желино.

Според информациите од полицијата, во несреќата учествувале автомобил „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од Е.К.(19) од селото Требош и товарно моторно возило „сканиа“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Љ.Т.(50) од селото Сараќино.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.К. констатирани во Клиничката болница Тетово“, велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.

Можете да прочитате

Девојче почина по пад од лулашка во паркот во Гостивар

Безбеден град се воведува и во Дебар

Побарана подготвителна постапка и мерки за четирите девојчиња за насилството во Аеродром