Утрински Весник
Свет

Рама: „Отворен Балкан“ не е српска игра

Рама: „Отворен Балкан“ не е српска игра

Албанскиот премиер Еди Рама денеска повторно ја критикуваше Приштина дека не се приклучила на иницијативата „Отворен Балкан“, оценувајќи ја нејзината одлука како избрзана, пренесуваат медиумите во регионот.

Тој во парламентот изјавил дека Србија треба да и се извини на Приштина за наводните воени злосторства, но исто така оценил дека претстои долг пат и дека е важно да се има предвид перспективата, а не политичката борба, објавија албанските портали.

Во изјавата според написите на медиумите тој кажал дека „Отворен Балкан не е српска игра“, туку „дете на Берлинскиот процес“.

“Земјите од регионот влегуваат во нов процес преку „Отворениот Балкан“. Земјите учат, практикуваат, се соочуваат со тешкотии, така што кога ќе влезат во ЕУ, можат да извлечат одредени заклучоци“, изјавил Рама.

„Заинтересирани сме колку ќе добие Косово во соработка со Албанија“, изјавил Рама, додавајќи дека доколку албанскиот народ не се претстави како народ посветен на мирот е предодреден да загуби.

Можете да прочитате

Лидерката на германската АфД: Ќе го укинеме еврото, ќе ги затвориме границите и ќе излеземе од шенген

Затворени училишта и канцеларии во Тајван поради обилни дождови во исчекување на тајфунот „Саудел“

Најмалку 30 загинати во одрон на депонија за отпад во главниот град на Гвинеја