Утрински Весник
Свет

Во Франција суспендирани 3.000 здравствени работници кои не се вакцинирани

Во Франција суспендирани 3.000 здравствени работници кои не се вакцинирани

Околу три илјади невакцинирани здравствени работници се суспендирани во Франција, соопшти министерот за здравство Оливие Веран, еден ден откако таа држава ја направи вакцинацијата задолжителна за сите здравствени работници и за персоналот во домовите за стари и изнемоштени лица.

Владата на претседателот Емануел Макрон го воведе ова правило со цел да се зголеми нивото на вакцинација и да се спречи нов бран на инфекција наесен, за кој експертите сметаат дека би можел да го загрози економското закрепнување на Франција.

„Повеќето суспензии се само привремени. Многумина од нив сепак одлучија да се вакцинираат бидејќи видоа дека обврската за вакцинација е реалност“, изјави Веран за француското радио РТЛ.

Според локалниот весник „Ница Матин“, речиси 450 здравствени работници се суспендирани во болница во јужниот град Ница.

Можете да прочитате

Лидерката на германската АфД: Ќе го укинеме еврото, ќе ги затвориме границите и ќе излеземе од шенген

Затворени училишта и канцеларии во Тајван поради обилни дождови во исчекување на тајфунот „Саудел“

Најмалку 30 загинати во одрон на депонија за отпад во главниот град на Гвинеја