Утрински Весник
Свет

Неколку уапсени по заканите за напад на синагога во Германија

Неколку уапсени по заканите за напад на синагога во Германија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Германската полиција уапси неколку лица ден по заканата за напад врз синагогата во Хаген, за време на еврејскиот празник Јом Кипур, пишуваат денеска медиумите.

Се уште не е прецизирано колку луѓе се уапсени, но операциите следеа откако синагогата во Хаген, на запад од земјата, синоќа беше ставена под строг надзор на безбедносните сили поради закана од напад.

Локалната полиција засега не даде потврда за апсењата.

Според одредени германски медиуми, меѓу уапсените е 16-годишен Сириец а постои сомневање за напад со експлоозив врз синагога каде десетици луѓе требаше да го одбележат синоќа Јом Кипур.

Наводно, една странска разузнавачка служба ги предупредила германските власти.

Поради ваквата закана денеска беше откажана и службата по повод Јом Кипур.

Полицијата во Северна Рајна-Вестфалија, каде што се наоѓа градот, синоќа распореди тешко вооружени полицајци околу зградата, а улиците околу синагогата исто така беа блокирани поради можна опасна ситуација поврзана со синагогата во Хаген.

Ова се случува две години по нападот врз синагогата во Хале, исто така за време на празникот Јом Кипур. Осомничениот напаѓач, десничарски екстремист, се обиде да влезе во синагогата за да пука во верниците, но не успеа. Сепак, тој уби две лица на улица и во ресторан пред да биде уапсен.

Можете да прочитате

Во Њујорк е прогласена вонредна состојба поради обилни снежни врнежи

Масовен прекин на струја во Киев по ноќниот напад

Швајцарската армија не е подготвена за големи напади