Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мицкоски во посета на семејство на една од жртвите во пожарот: „Случајот се заташкува“

(Видео) Мицкоски во посета на семејство на една од жртвите во пожарот: „Случајот се заташкува“
Ss2

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска беше во Тетовско, каде во селото Нераште оствари посета на семејство на една од жртвите во изгорената модуларна болница.

„Сега само заташкуваат, не бил крив овој, па кој е крив?… Немале дозвола за градба, ни противпожарна заштита, ништо…“, рече Мицкоски во разговорот со роднините.

300x250 (7)

Еден од роднините му кажува на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека во соба во модуларната болница наводно имало проблем со струјата, една недела пред пожарот.

На социјалните мрежи, каде е објавено кратко видео од посетата, Мицкоски напиша дека болката е огромна, поради трагедијата која се случи во Тетово.

„Моето најдлабоко сочувство до семејството. Мора да има одговори и одговорност потоа!“, нагласува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Мицкоски и ДПМНЕ играат опасна игра која ќе стави крај на европската, но и демократската перспектива на земјата

Скандалозна порака на владиката Петар: Внимавајте за кого ќе гласате

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски дома (фото)