Утрински Весник
Македонија

Николовски: Mеѓународните партнери го препознаваат нашиот напредок во борбата против корупцијата

Николовски: Mеѓународните партнери го препознаваат нашиот напредок во борбата против корупцијата
Img 5587

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, предводи официјалната Владина делегација во посета на Виена.

Денеска вицепремиерот одржал работен состанок со извршната директорка на канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал (UNODC), Гада Фати Вали.

Ss1

Како што информираат од владината прес-служба, на состанокот се разговарало за досегашната соработка во рамки на Регионалната програма на UNODC за Југоисточна Европа, со посебен фокус на мерките што Република Северна Македонија ги презема во делот на борбата против корупцијата.

„Особено ми е драго што UNODC искажа огромна поддршка, го препозна напредокот на Република Северна Македонија и од сите земји од регионот, се задоволни од соработката со нашата земја. Ова е дополнителна мотивација за нас да продолжиме уште повеќе и уште посилно во борбата против корупцијата заедно со нашите меѓународни партнери“, посочил на состанокот Николовски.

Извршната директорка Вали, го поканила вицепремиерот да присуствува на деветтата сесија на Конференцијата на државите членки на Конвенцијата на Обединетите нации за борба против корупцијата, што ќе се одржи од 13-ти до 17-ти декември годинава, во Меѓународен конгресен центар во Шарм Ел Шеик, Египет.

Во текот на денешниот ден, Николовски одржал работна средба и со директорот на Одделот за договори на UNODC и неговиот тим експерти, на којашто биле презентирани мерките што Република Северна Македонија ги презема во делот на засилувањето на граничната контрола, огненото оружје, имплементацијата на одредбите од договорното писмо кое беше потпишано со Владата во 2020 година, како и имплементацијата на одредбите од Конвенција на Обединетите нации против транснационален организиран криминал и Конвенција на Обединетите нации против корупцијата.

За време на официјалната посета на Виена, вицепремиерот ќе има работна средба и со министерката за правда на Австрија, Алма Задич.

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Силен СДСМ во Собранието е потребен за да не дозволиме ВМРО повторно да владее неконтролирано

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра

Ковачевски: Со СДСМ, Македонија влезе во ООН, стана членка на НАТО и отвори преговори со ЕУ