Утрински Весник
Спорт

Шмајхел жестокот ја критикува тактиката на Солскјер

Шмајхел жестокот ја критикува тактиката на Солскјер

Поранешниот голман на Манчестер јунајте жестоко ги критикува одлуките што ги носеше менаџерот Оле Гунар Солскјер, на вчерашниот натпревар во Берн, во кој Јанг Бојс го победи Јунајтед со 2:1.

„Секогаш можеме да го коментираме составот, но во овој случај ќе прашам, кога дури во недела играте со Вест Хем, зошто тогаш не игравте со најсилниот тим? Дури и ако се игра на вештачка трева“, рекол Шмајхел и дополнил.

„Гринвуд е во одлична форма. Тој постигнува голови. Варан неодамна пристигна, но би сакал нив двајца да ги видам заедно во тимот. Солскјер го извади од игра Роналдо. Ние навивачите сакаме да го гледаме Роналдо на теренот. Ако добие топка тој може да смисли нешто. Толку долго посакувавме таков играч во тимот. Солскјер го извади од игра, а подоцна на теренот го внесе Марсијал, кого сакаа да го продадат. Чудно е тоа. Чудно е и тоа што Марсијал игра лошо во одбраната, Тој не е работник, тој е напаѓач. Тимот има играч помалку, не очекуваме дека ќе создава шанси. Зошто тогаш влезе Марсијал“, прашува Шмајхел.

Манчестер јунајтед во наредното коло ќе го пречека Виљареал.

> Шмајхел жестокот ја критикува тактиката на Солскјер <

Можете да прочитате

Чави демантира проблеми со раководството на Барса и најавува дека останува тренер и идната сезона

Мбапе ќе потпише 5-годишен договор со Реал и ќе зема 15 милиони евра годишно плата

Минесота му го нанесе најтешкиот пораз на Денвер во историјата на франшизата