Утрински Весник
Свет

Два земјотреса утрово во Албанија, почувствувани и во Црна Гора

Два земјотреса утрово во Албанија, почувствувани и во Црна Гора

Два помали земјотреса ја погодија граничната област меѓу Црна Гора и Албанија рано утрово.

Јачината на првиот земјотрес кој се случи во 4 часот и 19 минути, беше 4,1 степени според Рихтеровата скала, а вториот, кој беше почувствуван десет минути подоцна, беше 3,4 степени според Рихтеровата скала.

Иако епицентарот бил на албанската страна на границата, земјотресот бил силно почувствуван во Подгорица, на околу 20 километри од епицентарот.

Црногорските сеизмолози информираа дека земјотресите не можеле да предизвикаат материјална штета.

На крајот на ноември 2019 година, Албанија беше погодена од земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, во кој загинаа 50 луѓе.

Можете да прочитате

Нападнат рускиот систем за онлајн гласање на изборите

САД и Данска постигнаа договор за Гренланд по заканите на Трамп за анексија

Вашингтон одобри продажба на опрема за воздушна одбрана на Украина