Утрински Весник
Свет

(Видео) Рама ја одликува Меркел со орден

(Видео) Рама ја одликува Меркел со орден

Албанскиот премиер Еди Рама ја одликува германската канцеларка Ангела Меркел со орден „Ѕвезда на благодарноста“, како високо државно признание.

„Данке Ангела! Особено задоволство ми е да Ве одликувам, во име на Албанија, со медалот ‘Ѕвезда на благодарноста’ како јавно признание“, напиша албанскиот премиер на социјалните мрежи, каде објави и видео од примопредавањето на ова одликување.

„Ова е симбол на нашиот национален херој Скендербег, кој ја штител Албанија од ивазија и за кого исто така се сметало дека е ‘атлет на Христа’, поради заштитата на христијанството“, објасни Рама во краткиот говор пред германската канцеларка.

Можете да прочитате

Британија потрошила 100 милиони фунти на гранични пунктови кои никогаш не биле искористени

Најмалку 21 лице загина откако потона чамец со мигранти крај брегот на Сенегал

Нови напади врз Иран нема да се случат ако преговорите напредуваат