Утрински Весник
Култура

„Северен пол“ на Марија Апчевска кој беше во официјална селекција на Кан, викендов на „Манаки“

„Северен пол“ на Марија Апчевска кој беше во официјална селекција на Кан, викендов на „Манаки“

Овој викенд битолчани и сите љубители на филмската уметност ќе имаат можност да го гледаат во Битола филмот „Северен пол“ на Марија Апчевска во продукција на „Кино око“ – првиот македонски краток филм кој бил во трка за Златна палма на Канскиот фестивал. Проекцијата е во Центарот за култура (Голема сала) во 18:00 чaсот.

Овој маркантен успех има исклучително значење за нашата кинематографија, а ИФФК „Браќа Манаки“ дава можност да се погледне филмот кој бил еден од десетте селектирани филмови во официјалната програма на еден од најпрестижните и најгламурозни филмски фестивали во светот.

Филмот е сниман на супер 16 мм филмска лента на локации во Скопје и Македонска Каменица. Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Билјана Гргур, шминкер Горан Игњатовски, монтажер Драган Вон Петровиќ, дизајн на тон Игор Поповски и Бојан Паликуќа, а кастинг-директор Киријана А. Николоска. Филмот е копродукција помеѓу Македонија и Србија. Продуцент на филмот е Роберт Насков, копродуценти Милош Љубомировиќ и Горан Тодориќ, сценарист и режисер е Марија Апчевска.

По наградуваниот „Бардо“ (2012) и „Амби“ (2017), ова е трет краток филм на Апчевска.

Текстот „Северен пол“ на Марија Апчевска кој беше во официјална селекција на Кан, викендов на „Манаки“ е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“