Утрински Весник
Спорт

Стартува 67.сезона во Лигата на шампионите

Стартува 67.сезона во Лигата на шампионите
300x250 (7)

Вечерва ќе започне 67.сезона во најпрестижното клупско натпреварување во светот, Лигата на шампионите. Титулата ќе ја брани Члеси. Европскиот првак, вечерва ќе го пречека Зенит. Дерби на ова коло ќе биде пресметката Барселона-Баерн Минхен. Утре, најпривлечни за гледање ќе бидат дуелите Интер-Реал Мадрид и Ливерпул-Милан.

Новата сезона во Лигата на шампионите ќе ја отворат натпреварите Јанг Бојс-Манчестер јунајтед и Севилја-Салцбург.

Img 5587

Во Ф-групата, покрај Јанг Бојс и Манчестер јунајтед, неколку часа подоцна ќе играат Аталанта и Виљареал.

„Камп Ноу“ ќе биде местото на кое ќе се сретната Барселона и Баерн, клубови кои заедно 11 пати ја освојувале Лигата на шампионите. Ќе биде ова прва пресметка на двата клуба од 2020 година. Тогаш, во четврт-финалето, Баерн двата натпревари ги доби вкупни 8:2.

Барселона, по 17 години, во Лигата на шампионите влегува без Лионел Меси, кој замина во ПСЖ.

Група Е:
21.00: Барселона-Баерн
21.00: Динамо Киев-Бенфика

Група Ф:

18.45: Јанг Бојс-Манчестер јунајтед
21.00: Аталанта-Виљареал

Група Г:

18.45: Севилја-Салцбург
21.00 Лил-Волфсбург

Група Х:

21.00: Челси-Зенит
21.00: Малме-Јувентус

> Стартува 67.сезона во Лигата на шампионите <

Ss1

Можете да прочитате

Медведев го предаде мечот, Лехечка во полуфинале

Олимпијакос ја „растури“ Барселона и се избори за мајсторка

Алкараз обвинет за местење натпревари